БИТОЛЧАНЕЦ ДВАПАТИ ЗА ТРИ ДЕНА ФАТЕН КАКО ВОЗИ ПИЈАН СО НАД ТРИ ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА

    БИТОЛЧАНЕЦ ДВАПАТИ ЗА ТРИ ДЕНА ФАТЕН КАКО ВОЗИ ПИЈАН СО НАД ТРИ ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТАВо двата случаја полицијата го привела возачот (Фото: МВР)

    Битолската полиција во два наврати за само три дена го фатила 29-годишниот битолчанец Х. Ј. како управува автомобил под дејство на алкохол, при што вториот пат му биле измерени дури 3,50 промили алкохол во крвта. Првиот пат, на 7 ноември, алкотестот покажал 3,23 промили, а на 9 ноември вредноста била уште повисока. По повторното приведување, на возачот му е одреден осумдневен притвор.

    Според информациите од СВР Битола, на 7 ноември во 21:30 часот, на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници запреле „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Х. Ј. При контролата било утврдено дека возачот возел под дејство на алкохол, со измерени 3,23 промили во крвта.

    По приведувањето, тој бил пуштен на слобода, но на 9 ноември во 2:41 часот повторно бил затекнат како го управува истото возило под дејство на алкохол, овојпат на улицата Партизанска во Битола. Алкотестот покажал 3,50 промили алкохол во крвта.

    Во двата случаја полицијата го лишила од слобода, а по целосното документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира