БИТОЛЧАНЕЦ ЗАПАЛИЛ ОГАН ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

    БИТОЛЧАНЕЦ ЗАПАЛИЛ ОГАН ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМОфицерскиот дом во Битола е објект под заштита како културно-историско наследство. (архивска фотографија)

    Непознато лице вечерва запалило оган во внатрешноста, на приземје во Офицерскиот дом во Битола, кој е објект под заштита како културно-историско наследство. Несовесниот битолчанец најверојатно влегол низ некој од скршените прозорци и запалил оган да се стопли.

    Пламените јазици ги забележале битолчани кои биле во околните кафулиња. Пожарот го пријавил газда на еден од кафулињата. Противпожарната единица брзо интервенирала и пожарот бил изгаснат со противпожарни апарати и вода. Интервенирале двајца пожарникари, а пожарот бил од мал карактер.

    Офицерскиот дом е еден од најубавите архитектонски бисери на Широк Сокак, кој со години наназад е руиниран. Од Општина Битола најавија дека за годинава се издвоени пари од општинскиот буџет и од Министерството за култура за негова реставрација. Но, во меѓувреме додека да отпочнат работите на терен, несовесни граѓани продолжуваат да предизвикуваат штети во објектот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира