БИТОЛЧАНИ БАРААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА СТАРОГРАДСКАТА АРХИТЕКТУРА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНИ БАРААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА СТАРОГРАДСКАТА АРХИТЕКТУРА

    Експерти од битолскиот Завод и Музеј, лани, предложиле да се намали ДДВ на градежните материјали за обнова на споменичните целини, но предлогот бил отфрлен оти ќе предизвикал финансиски импликации врз други закони. Државата дава субвенции ако некој одлучи од град да се пресели во село и таму да купи или изгради куќа, но не дава парична помош за обнова на старите куќи кои се под заштита, а се во распаѓање.

    Староградска куќа се распаѓа во централното градско јадро

    Староградска куќа се распаѓа во централното градско јадро

    Ако сопственикот одлучи да ги реновира, од државата му требаат еден куп дозволи поради заштитата, а субвенции за оваа категорија објекти нема. Се даваат субвенции за живот на село, за компири, кромид и други земјоделски производи, но досега никој не се сетил да ја субвенционира обновата на старите градски објекти кои се оставени на забот на времето.
    Во Битола такви ги има многу. Државата досега ги реставрираше само фасадите на објектите на Широк сокак, во тек е реставрација на гимназијата и музичкото училиште, а на Безистенот активностите се на старт. Веќе е изготвен и Законот за заштита на градските јадра, со кој централното градско јадро во Битола ќе опфати 300 објекти, но сопствениците на повеќето од нив сами ќе мораат да платат за нивното одржување иако ќе бидат под заштита.
    Зоран Алтипармаков, директор на битолскиот Завод и Музеј, институција која е надлежна за заштита на културното наследство, вели дека досега немало предлози за субвенции, туку за даночни олеснувања. Експерти од Заводот лани предложиле да се намали ДДВ-то за градежните материјали и другите трошоци поврзани со градежни зафати на објекти во споменични целини и споменици на културата. Предлогот, кој бил изнесен и во Собранието, бил отфрлен.
    „Ние предлагавме со носењето на законот за старите градски јадра, за поединечните споменици на културата, да се намали ДДВ-то. Било кој објект во старото јадро, ако сака сопственикот да го реставрира, конзервира, дури и нов објект кој се наоѓа во тие рамки, да добие намален данок од 18 на 5 проценти. Мислевме дека со тоа ќе има експанзија, ќе си ги поправеа луѓето куќите, дури и градбата ќе се интензивираше“, вели Алтипармаков.

    Стара градска архитектура во распаѓање

    Стара градска архитектура во распаѓање

    Но, предлогот им бил одбиен со образложение дека ќе предизвика финансиски импликации врз други закони. Алтипармаков објаснува дека дел од објектите во градското јадро се распаѓаат поради финансиска немоќ на сопствениците и поради нерешени сопственички односи. Ваквите објекти за да се реновираат мора да се добие дозвола од Завод и Музеј, а при тоа задолжително мора да се сочува надворешниот изглед. Но, понекогаш и сопствениците не се агилни дури и кога државата дава пари, велат од Заводот.
    „За Безистенот долго време се одолговлекуваше реставрацијата, не можевме да добиеме изјави од сопствениците дали ни дозволуваат да започнеме со интервенција. Таму има повеќе сопственици на дуќани, тие сакаа да се реставрира објектот, но можеби од зафатеност и обврски се одолговлекуваа согласностите. Почнавме врз база на познанства, појавување дома, па по комшии да ги најдеме луѓето да ги потпишат согласностите, за да почнеме со работа“, додава Алтипармаков.
    Иако Битола е град со старо градско јадро, ниедна политичка партија не се сетила да ги вметне субвенциите за одржување на овие објекти во изборните програми. Наспроти тоа, се нуделе проекти за жичници од Саат кула до Копанки на Пелистер, жичници низ Тумбе-кафе, аеродром во Логоварди и други неостварени ветувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира