БИТОЛЧАНИ БАРААТ ТЕРАПИЈАТА ЗА МУЛТИПНА СКЛЕРОЗА ДА ЈА ПРИМААТ ВО БИТОЛА

    БИТОЛЧАНИ БАРААТ ТЕРАПИЈАТА ЗА МУЛТИПНА СКЛЕРОЗА ДА ЈА ПРИМААТ ВО БИТОЛА„Терапија има, но кога можеме нештото да го имаме во сопствениот град, да не мора да се оди во Скопје“, велат од Здружението „Гласно за МС“. (Фото: СДК.МК)

    Битолчани кои боледуваат од мултипна склероза, како и нивни поддржувачи, денес го кренаа гласот против предрасудите што постојат за болеста. Пред утрешниот Светскиот ден за борба против неа тие одржаа марш низ Широк Сокак наречен „Гласно за МС“ со цел да ја подигнат свесноста кај другите луѓе за мултиплекс склерозата.

    Побараа терапијата наместо во Скопје да ја примаат во Клиничката болница во Битола.

    „Една од нашите најголеми цели на здружението е барем дел од терапиите да ги донесеме во Битола зашто тие се ординираат месечно во Скопје и не секој има можност тоа да си го дозволи. Не се сите на нозе, има пациенти и во количка. А и трошоците сега се многу поголеми. Терапија има, но кога можеме нештото да го имаме во сопствениот град, да не мора да се оди во Скопје“, рече Сања Поповска претседателка на Здружението „Гласно за МС“.

    Бројките на пациенти со оваа дијагноза растат, а се намалува старосната граница. Најчесто се јавува кај жени на возраст од 20 до 45 години, а симптомите се различни. Важно е навремено дијагностицирање и лекување за да не дојде до инвалидитет.

    „Во Битола треба да работиме на свеста кај луѓето, дека не треба да се кријат и да нема предрасуди. Да ни се приклучат за заедно да ги оствариме целите“, додаде Поповска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира