БИТОЛЧАНИ ТРИ НЕДЕЛИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ГИ ВОЗАТ НОВИТЕ КОЛИ ЗАШТО ВО ЗЕМЈАВА НЕМА РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ

    БИТОЛЧАНИ ТРИ НЕДЕЛИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ГИ ВОЗАТ НОВИТЕ КОЛИ ЗАШТО ВО ЗЕМЈАВА НЕМА РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ

    Веќе трета недела, нема регистарски таблички за новонабавени возила во земјава, реагираат жители на Битола. Оние кои купиле возило во странство или Македонија не можат да ги возат бидејќи не им се издадени таблички.

    „Кажано ни е дека бил распишан нов тендер и ќе се промени добавувачот. Со проблемот веќе трета недела се соочуваат не само физички лица, туку и фирми, кои во услови на ваква криза не можат да ги вклучат своите возила во промет и со тоа губат и клиенти и приход. Доколку нема таблички, барем нека издаваат потврди од МВР дека возилата се регистрирани и можат слободно да се движат сѐ до моментот на добивање на регистарски таблички“, велат битолчани.

    Од МВР одговорија дека е избран нов економски оператор и поради технички причини има мал застој во издавањето на таблички.

    „Испораката е веќе почната по градови и проблемот многу брзо ќе биде надминат“, соопштија од МВР.

    Претходно, на ваков проблем се пожалија и струмичани. Тие уште пред десетина дена кажуваа дека речиси две недели чекаат да добијат регистарски таблички за сите видови моторни возила, бидејќи ги нема во залиха.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира