БИТОЛСКАТА НОВИНАРСКА НАГРАДА „ТОДЕ ПЕТРЕВСКИ“ ЗА АНЕТА БЛАЖЕВСКА

    БИТОЛСКАТА НОВИНАРСКА НАГРАДА „ТОДЕ ПЕТРЕВСКИ“ ЗА АНЕТА БЛАЖЕВСКАНаградата за новинарство „Тоде Петревски“ што 17 години со ред ја доделува „Битолски весник“. (Фото: СДК.МК)

    Долгогодишната новинарка Анета Блажевска од Битола е добитничка на наградата за новинарство „Тоде Петревски“ што 17 години со ред ја доделува „Битолски весник“. Наградата е во чест на новинарот Тоде Петревски, кој долги години беше дописник на Македонско радио од Битола, а исто така и дописник од Келн, Германија, потоа за Политика во Србија и други медиуми.

    Блажевска повеќе од две децении беше дописник за „Канал 77“, „Утрински весник“, „Слободен печат“, а денес пишува во „Независен“, „Апла.мк“, „Зелена берза“ и други медиуми. На врачувањето рече дека оваа награда е највредна за битолските новинари докажани и како дописници, оти тие не стигнуваат до новинарските награди во Скопје.

    „И како што велеше Петревски, големите риби секогаш не ги јадат малите, ете ние како помали риби во едно битолско новинарско море, мислам дека добро пливаме и дека се вреднуваме достоинствено зашто го имаме тој кредибилитет како новинари“, рече Блажевска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира