БИТОЛСКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ДОБИЈА 80 НОВИ КНИГИ ЗА ЧИТАЊЕ

    БИТОЛСКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ДОБИЈА 80 НОВИ КНИГИ ЗА ЧИТАЊЕЗа донацијата, новинарските екипи снимаа пред влезот на Битолскиот затвор, затоа што внатре не беше дозволено снимање

    Околу осумдесет книги донираше Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ за битолскиот затвор „Црн мост“ за затворениците да имаат поразновидна литература за читање. Меѓу насловите се дела од Димо Хаџи Димов, книги за историјата на македонскиот народ, „Желеец“ од Спиро Мавровски, посветена на патешествијата на Егејските Македонци, како и други романи и книги.

    Директорката на Битолската библиотеката, Јелена Петровска, рече дека внимателно биле избрани насловите и дека со библиотерапијата може да се придонесе за ресоцијализација на осудените. Таа најави дека е можно во иднина да организираат и предавања и средби со писатели во затворот.

    „Имаме скромна библиотека, но ги исполнува барањата на осудените лица. Сепак, бараат да се набават нови книги, кои излегуваат во светски рамки, но ние сме кратки во нашите можности. Но, преку ваква соработка, ќе одговориме на нивните потреби за книги“, рече директорот на затворот, Драган Крајовски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира