БЛОК ЗГРАДИ СЕ ГРАДАТ ВО СКОПСКИ КАРПОШ 4 КАЈ АДРЕНАЛИНСКИОТ ПАРК НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

    БЛОК ЗГРАДИ СЕ ГРАДАТ ВО СКОПСКИ КАРПОШ 4 КАЈ АДРЕНАЛИНСКИОТ ПАРК НА КЕЈОТ НА ВАРДАРВисината на објектити ќе биде приземје, пет ката и поткровје.(Фото: СДК.МК)

    На просторот помеѓу булеварот Илинден во Карпош 4 и Адреналинскиот парк на кејот на Врадар во Скопје се градат нови згради. Целата слободна парцела меѓу изградените згради на „Елена Лука“ и „Дабар“, веќе неколку месеци е заградена со тараби, и според таблите станува збор за цел комплекс, а не само една зграда.

    Како што ни одговорија од Општина Карпош, станува збор за две градежни парцели, првата со површина со 11.399 метри квадратни, а втората 20.597. Висината на објектити ќе биде приземје, пет ката и поткровје.

    „Таму веќе е поставена информативна табла, за изградба на објект за домување, по претходно донесен Детален урбанистички план како што се изградени и објектите на ‘Елена Лука’ и ‘Дабар’. Бројот на жители се предвидува на ниво на блок согласно Генералниот урбанистички план, а не по поединечни објекти за домување“, одговорија од Општина Карпош на нашето прашање колку нови жители ќе има во овој нов станбен комплекс.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира