БОГОЕВ ЌЕ ФОРМИРА ТИМ ОД ПРАВНИЦИ И ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ ЗА СПОРНИТЕ ГРАДБИ ВО КАРПОШ

    БОГОЕВ ЌЕ ФОРМИРА ТИМ ОД ПРАВНИЦИ И ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ ЗА СПОРНИТЕ ГРАДБИ ВО КАРПОШ„Да не се лажеме има места каде веќе се донесени Деталните урбанистички планови и каде се издадени одобренија за градба“, вели градоначалникот Стефан Богоев. (Фото:Општина Карпош)

    Стручен тим од правници и градежни инженери ќе ги испитуваат сите спорни градби во општина Карпош, најави градоначалникот Стефан Богоев.

    Тимот ќе треба да даде одговор дали градбите се изградени спротивно на законот и што ќе се прави со нив. Досега како што вели Богоев не е стопирана ниту една градба, која почнала во времето на неговиот претходник Стевчо Јакимовски.

    Стручен тим од правници и инженери ќе се занимаваат со овој проблем. Да не се лажеме има места каде веќе се донесени Деталните урбанистички планови и каде се издадени одобренија за градба. Дел од ДУП-те се дадени и на Уставен суд и ние ќе ги почитуваме одлуките на судот. Уште првите денови од мојот мандат имав средба со невладините организии од Карпош и заедно со нив ќе ги решаваме проблемите и ќе ги вклучиме во носењето на сите одлуки“, вели Богоев.

    Градоначалникот наложил на градежните инспектори да извршат контрола на сите градилишта за да се запознае со комплетната состојба на терен.

    Целта не е во Карпош ништо да не се гради, туку тоа да се прави во ненаселените делови. Нема никому да смета општината да се шири кај Зајчев рид, касарната „Илинден“, Бардовци и Злокуќани. Самите граѓани од овие делови бараат да се донесат нови планови кои ќе овозможат изградба на објекти“, додава Богоев.

    Изминативе години невладините организации „За заштита на зеленилото на Карпош“ и „Ние сме Карпош 4“, протестираа и бараа да престане бетонизацијата на општината. Тие го обвинуваат ексградоначалникот Стевчо Јакимовски дека носи планови со кои се уништува зеленилото, за сметка на згради и деловни објекти по десетина ката. Невладините организации бараат да се стави и мораториум за градба во Карпош. Тие пред изборите изготвија платформа со триесетина барања со кои Карпош ќе биде подобро место за живеење и ја доставија до сите кандидати за градоначалници на Карпош меѓу кои и до новиот градоначалник Стефан Богоев.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира