БОЛНИЦАТА „КОЗЛЕ“ УШТЕ НЕМА ВОДА, ДЕЦАТА КОИ ТРЕБА ДА ЛЕЖАТ ЌЕ БИДАТ ПРИМЕНИ НА ДЕТСКАТА И НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА

    БОЛНИЦАТА „КОЗЛЕ“ УШТЕ НЕМА ВОДА, ДЕЦАТА КОИ ТРЕБА ДА ЛЕЖАТ ЌЕ БИДАТ ПРИМЕНИ НА ДЕТСКАТА И НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКАДодека не се реши проблемот со водоснабувањето, децата кои имаат потреба од хоспитализација ќе бидат примени на Детската клиника и на Инфективната клиника. (Фото: К. Попов)

    Поради проблем со водоснабдувањето, децата кои имаат потреба од хоспилатизација на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, времено ќе бидат згрижени на Клиниката за детски болести и Инфективната клиника, соопшти Министерството за здравство.

    Болницата „Козле“ во Скопје од вчера остана без вода, откако изминативе денови во болницата имале слаб притисок. Не станува збор за дефект туку, бидејќи болницата се наоѓа во висока зона, нема вода исто како и целата населба Водно.

    Директорката на болницата Катерина Бошкова вчера изјави дека функционираат со цистерни со техничка вода која им ја донеле од ЈП „Водовод и канализација“.

    „Поради рекин во водоснабдувањето во , веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во ‘Козле’ ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи. Оваа иницијатива е во насока на обезбедување континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти. По нормализирање на водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата ‘Козле’, непречено ќе продолжи хоспитализацијата на пациентите во оваа јавна здравствена установа“, велат од Министерството за здравство.

    Од ЈП „Водовод и наканлизација“, откако почнаа високите температури, испраќаат апели за рационално да се користи водата, но решение за проблемот немаат.

    „Во моментов, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок со повремени прекини на вода на некои улици. Дивите приклучоци секако дека имаат негативно влијание на состојбата на системот и водоснабдувањето, но за таа цел се организираат акции за нивно откривање. Апелираме до граѓаните да го намалат некорисното трошење на вода како и откривање и прекинување на диви приклучоци, се со цел нормализирање на градскиот водоводен систем.“, велат од „Водовод“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира