БОЛНИЦАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ДОБИЕ ЦЕНТАР ЗА ДИЈАБЕТ

    БОЛНИЦАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ДОБИЕ ЦЕНТАР ЗА ДИЈАБЕТСо проектот од програмата ИПА за прекугранична соработка со Грција по завршување на градежните работи, ќе биде набавена и соодветна опрема. (Фото: Министерство за здравство)

    Општата болница во Гевгелија ќе добие нова хируршка сала, а во тек е реновирање на Кабинетот за дијабет, биохемиската лабораторија и болничката аптека.

    Министерот за здравство Венко Филипче рече дека градежните активности во оваа болница се реализираат преку ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција и дека по завршувањето и оваа болница ќе има Центар за дијабетес. Тој рече дека лани набавиле три нови видови инсулин, со што се подобрува терапијата за лицата со дијабетес.

    Болницата од сопствени средства ги заменила старите и дотраени прозорци во сите амбуланти и одделенија, каде се извршени и молерофарбарски работи.

    Директорот на болницата Митко Крџев вели дека со средства од овој проект набавиле и нов дигитален ехо апарат и ќе има бесплатен мамографски скрининг. По завршување на градежните активности, ќе биде набавена и соодветна опрема, а од лани досега во неа има 27 нови вработувања.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира