БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС НЕ СЕ ПОЛНИ ДОВОЛНО ЗА ПОТРЕБНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ И КОМУНАЛНИ ЗАФАТИ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ

    БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС НЕ СЕ ПОЛНИ ДОВОЛНО ЗА ПОТРЕБНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ И КОМУНАЛНИ ЗАФАТИ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВПотребите за уредување на нови улици, нови водоводи, канализации се големи, а средствата со кои располага локалната власт мали, вели Колев. (Фото: СДК.МК)

    Општинскиот буџет се полни со малку средства, наспроти потребите на жителите на општината која брои 55 илјади жители. Поради тоа Општина Велес нема развојна компонента, се жали градоначалникот Марко Колев.

    Тој вели дека локалната власт нема готова подготвена градежна парцела за заинтересиран инвеститор кој сака да гради во општина да дојде и инвестира, оти ниту една не е со целосна инфраструктура. Потребите за уредување на нови улици, нови водоводи, канализации се големи, а средствата со кои располага локалната власт мали.

    „Немаме Детален урбанистички план (ДУП), немаме Генерален урбанистички план (ГУП), дневни приходи во општинскиот буџет се околу 200 илјади денари. Месечно Општината прибира 15 до 20 милиони денари, што за споредба е далеку помалку од соседни општини кои се помали по број на жители. Тие собираат по 40-50 милиони денари месечно. Нема уредување на градежно земјиште, а без тоа нема развој и на општината и на стопанството. Ќе ги прифатиме сите предлози за поставување фотоволтаици, што е светски тренд, за да се полни буџетот“, вели Колев.

    Тој посочи дека е откочен просецот на легализација на дивоградбите, кој претходно четири години не функционирал, и досега за три месеци се поделени сто решенија на граѓаните. Во изминатиот период работеле и на заостанатите решенија за данокот на имот, бидејќи во локалната власт имало шест илјади кои биле закочени од различни причини, а граѓаните сами доаѓале и реагирале за да можат да си ја платат давачката. А токму од овие две ставки се очекува значаен прилив на средства во општинскиот буџет.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира