БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПЕТКОВ В САБОТА ЌЕ ДОЈДЕ ВО БИТОЛА ДА ПРОМОВИРА БУГАРСКИ ПРОЕКТИ

    БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПЕТКОВ В САБОТА ЌЕ ДОЈДЕ ВО БИТОЛА ДА ПРОМОВИРА БУГАРСКИ ПРОЕКТИПетков во Битола ќе дојде заедно со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот на Република Бугарија Кирил Петков, во придружба во придружба на уште еден висок преставник од бугарската Влада и на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, в сабота, на 16 април, ќе ја посети Битола. Од македонската Влада за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека тие  доаѓаат во Македонија на сопствена инцијатива. Ќе промовираат проекти, делумно финансирани од бугарската држава.

    За детали околу агендата на Петков, од Владата нè препратија во Бугарската амбасада, од каде досега не добивме одговор кои места во Битола ќе ги посети Петков. Неофицијално, тој ќе присуствува на отворање на библиотека со бугарска литература.

    Пред два месеца, во Битола беше уреден и Клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“ на улицата Рузвелтова во центарот на градот, кој допрва треба да се отвори.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира