ЧЕКАЈЌИ ДРЖАВАТА ДА ИМ ВРАТИ ДДВ ЗА ДА ИМ СЕ ИСПЛАТИ ПЛАТА, ВРАБОТЕНИТЕ НА „ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ ГО БЛОКИРАA ПАТОТ КАВАДАРЦИ-ДРЕНОВО

    ЧЕКАЈЌИ ДРЖАВАТА ДА ИМ ВРАТИ ДДВ ЗА ДА ИМ СЕ ИСПЛАТИ ПЛАТА, ВРАБОТЕНИТЕ НА „ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ ГО БЛОКИРАA ПАТОТ КАВАДАРЦИ-ДРЕНОВОДокументот помеѓу УЈП и нашата компанија е потпишан на 27 октомври, но повраток на ДДВ не е реализиран, велат вработените (Фото: СДК.МК)

    Три часа беше блокиран патот до Кавадарци до Дреново од вработените на „Еуроникел индустри“, поранешен Фени. Во периодот од 12 до 15 часот, тие не дозволуваа возилата да ги минат блокадите. Имаат едно барање, државата да им ги врати парите од ДДВ, што е законска обврска. Со овие 1,2 милиони денари треба да се исплати октомвриската плата.

    „Не бараме пари од Владата, од државата, што не ни следат. Документот помеѓу УЈП и нашата компанија е потпишан на 27 октомври, но повраток на ДДВ не е реализиран. Со неисплатената плати имаме проблеми со здравствено осигурување, деца се разболуваат, трудници треба да одат на боледување. Лошо е за сите вработени, сметките дома стасаа, треба да се платат. Фирмата годинава работеше минимално, немавме покачување на плати, бевме на минималец и вработените немаат пари“, вели Миле Ѓоргиев, претседател на синдикатот на „Еуроникел индустри“.

    Тој потсети дека илјада луѓе, вработени и кооперанти, се во исчекување на натамошната судбина на комбинатот. На вработените им влева надеж оти печката уште не е изгасната, со што веруваат дека има заинтересиран купувач за „Еуроникел индустри“. Ако до понеделник не добијат поврат на ДДВ, најавуваат дека ќе го блокираат сообраќајот на регионалниот пат Градско-Прилеп. Очекуваат да добијат повраток на ДДВ и за септември, за да исплатат плати за ноември. Од УЈП не откриваат дали и колкав долг кон нив има „Еуроникел индустри“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира