Човек ангел кој излегува од камен, а во раце држи скршена перка е идејното решение за спомен обележје за загинатите пилоти од хеликоптерската несреќа пред две години во Струмица. По двата неуспешни конкурси чии предлог решенија не беа прифатливи, што за општинските власти, што за јавноста, комисијата за избор на идејното решение целата постапка ја довери на Уметничката галерија која деновиве је организираше меѓународната Струмичка ликовна колонија. Таму, во консултација и со сугестии на повеќе уметници, делото го доби Горан Ѓорев кој деновиве ја заврши скулптурата. Скулптурата е висока 1,8 метри и, според него, го симболизира вечниот живот на индивидуата и несреќата што ја потресе Македонија.
„Ова предлог решение за споменик е прифатено и од најблиските на семејствата. Тие изразија желба спомен обележјето да биде од мермер“,вели претседателот на комисијата Перо Божинов.
Споменикот во чест на пилотите треба да биде поставен во паркот до Домот на АРМ, а од Општината издвоени се еден милион денари за таа намена.
Несреќата се случи на 10 јули, 2014 кога при удар во антенски столб на ЈП Македонска радиодифузија падна хеликоптер „ми-17“ на МВР, при што загинаа пилотите Иљо Лопатички, Драги Мицев, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков. Сѐ уште нема одговор што е причината за хеликоптерската несреќа ниту одговорност на некое лице.
ЧОВЕК АНГЕЛ ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПИЛОТИ ВО СТРУМИЦА
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Дописна мрежа
10604
еко билборд
5
идејно решение
14
споменик
85
Струмица
299
хеликоптерска несреќа
24
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.