Д-Р ИВАН КАРАПЕТРОВ ЈА ИЗВРШИ ПРВАТА ТОРАКАЛНА ОПЕРАЦИЈА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

    Д-Р ИВАН КАРАПЕТРОВ ЈА ИЗВРШИ ПРВАТА ТОРАКАЛНА ОПЕРАЦИЈА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВОКарапетров (втор од лево) со колегите специјалисти кои му асистираа во операцијата (Фото: СДК.МК)

    Во тетовската Клиничка болница за првпат е извршена торакална (градна) оперативна интервенција. Станува збор за ресекција на тумор на второто ребро на предниот дел од градниот кош. Операцијата ја изведе д-р Иван Карапетров, специјалист по торакална хирургија.

    „Ова е прва операција од ваков вид во Клиничката болница во Тетово и самата операција претставува редок вид. Отстранета е промена на коскено ткиво на ребро кај машко лице. Пациентот имал големи болки во тој дел од градниот кош кои не се повлекувале ниту со аналгетска терапија. Пред операцијата беа направени компјутерска томографија и скен на коските“, вели Карапетров.

    Вакви сложени операции сега се можни и во Клиничката болница во Тетово откако се оформи амбуланта за торакална хирургија, која е во состав на Одделот за хирургија. Место да се упатуваат на лекување во други клинички центри во државата, жителите на Тетово и регионот сега можат тука да се оперираат на градниот кош и градните органи.

    „За нешто повеќе од еден месец, на околу 200 пациенти им се извршени прегледи, хоспитализации и операции на дојка и тиоридна жлезда, торакални дренажи и згрижување на трауматски повреди на градниот кош“, објаснува Карапетров.

    Во извршувањето на оваа специфична операција, на Карапетров му асистирале специјалистите по градна хирургија, д-р Ардит Ќафјани, д-р Имран Ферати и д-р Висар Џафери и специјалистот анестезиолог д-р Минире Исени.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира