ДА ГРАДИМЕ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА НА ЗЕМЈИТЕ ОД МЕДИТЕРАНОТ, КАЖА АМБАСАДОРОТ ТИМОНИЕ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 100-ГОДИШНИНАТА ОД БИТКАТА ЗА БИТОЛА

    ДА ГРАДИМЕ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА НА ЗЕМЈИТЕ ОД МЕДИТЕРАНОТ, КАЖА АМБАСАДОРОТ ТИМОНИЕ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 100-ГОДИШНИНАТА ОД БИТКАТА ЗА БИТОЛААлжирската амбасадорка Таоус Џелули и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние положуваат цвеќе на француските гробишта во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Порака за братство и за градење на заедничка европска иднина упати францускиот амбасадор Кристијан Тимоние од чествувањето на стогодишнината од Битката за Битола во Првата светска војна. Комеморацијата се одржа на француските гробишта во Битола каде се погребани нешто помалку од 13.000 француски војници кои загинале во ист ден на 18 мај 1917 година. Во жестоката битка преживеале само 259 сојузнички војници.

    „Оваа церемонија ја организирираме во духот на братството, треба да извлечеме поука од загинатите во минатато за тие што се денес живи. Зборот што сакам да го нагласам е братство. Братство меѓу сите. И нашата заедничка цел е да градиме заедничката иднина на сите земји околу медитеранот во духот на европската иднина. Нека бидат сите знамиња едно до друго во духот на братството“, порача Тимоние.

    Во организацијата на комеморацијата учествуваше и алжирската амбасадорка Таоус Џелули зашто меѓу загинатите војници во битката имаше и Алжирци кои војуваа под француското знаме.
    „Оваа жртва на генерациите за да ги одбранат вредностите на слободата сосема извесно ги инспирираше следните генрации од мојата земја кои водеа битка што доведе до независност. Овие луѓе дојдени од различни светови се бореа заедно, починаа заедно без оглед на нивните верувања, потекло и боја на кожа“, рече амбасадорката.

    Претставниците на амбасадорскиот кор во земјава, воени аташеа и други присутни положија цвеќе на заедничката костурница на фрaнцуските гробишта во Битола. Ружи беа положени и на гробовите алжирскиот војник Мухамед Бенлулу кој припаѓал на првиот африкански пешадиски полк, како и на француски војник роден во Алжир, Андреј Виљаре кој загинал за време на битката во Битола. (Ж.З.)

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари