ДА МУ СЕ ДАДЕ ВРЕМЕ И ПРОСТОР НА СЈО ДА СИ ЈА ЗАВРШИ РАБОТАТА, ПОРАЧА АМБАСАДОРОТ НА ЕУ  ЖБОГАР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДА МУ СЕ ДАДЕ ВРЕМЕ И ПРОСТОР НА СЈО ДА СИ ЈА ЗАВРШИ РАБОТАТА, ПОРАЧА АМБАСАДОРОТ НА ЕУ  ЖБОГАР

    Eвроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека на Специјалното јавно обвинителство треба да му се даде време и простор за откривање на законската одговорност за скандалите од прислушуваните материјали. Тој од Струмица уште еднаш го потврди ставот на ЕУ дека СЈО мора да ја финализира работата за која е формирано со договорот од Пржино

    „СЈО беше формирано со една цел, а тоа е да се одреди законската одговорност којашто произлегува од скандалот со прислушуваните матријали. Мислам дека на СЈО треба да му се даде време и простор за да ја финализира својата работа“ одговори Жбогар на новинарско прашање дали остануваат на ставот за продолжување на мандатот на СЈО

    Евроамбасадорот Самуел Жбогар заедно со в.д. градоначалникот на Струмица Костадин Костадиновски ја посетија изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Струмица, која се реализира со грант на ЕУ во висина од 5,7 милиони евра. Станицата треба да биде готова до крајот на годината со што ќе бидат исполнети стандардите за квалитет што ги бара Европската директива за третман на урбани отпадни води. (В.Т.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира