ДА СЕ СКЕНИРА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ПОРАДИ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, БАРА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ

    ДА СЕ СКЕНИРА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ПОРАДИ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, БАРА ОПШТИНСКИОТ ШТАБОпштинскиот штаб бара од Министерство за надворешни работи да достави список на лица од Куманово кои треба да се вратат во државата (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство да направи целосен увид во состојбата во Општа болница Куманово и да процени дали таа може да функционира со толкав број на заболени здравствени работници, побара Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок. Овие барања уследија по зголемениот број на позитивни случаи на коронавирус и сомнителни случаи на самоизолација кои дошле во контакт со заразени пациенти.

    „Бараме од Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство да направи целосен пресек на состојбата во Општа болница Куманово и да даде свое видување за функционалноста на нејзините капацитети во овие околности“, соопштуваат од Општинскит штаб.

    Во Кумановската болница со коронавирус се заразени 15 доктори и медицински сестри, најмногу на Инфективното одделение.

    „Поради ова, двајца доктори од Скопје и Штип ќе одат во Куманово за да ја организираат работата на ова одделение. Траат анкетите со уште двајца лекари, од рентген-дијагностика и од општа служба и во зависност од тоа колку лица ќе бидат во самоизолација, ќе се организира работата на останатиот дел од болницата“, кажа пред два дена министерот Венко Филипче.

    Општинскиот штаб бара од Министерство за надворешни работи да достави список на лица од Куманово кои треба да се вратат во државата, а од кризниот штаб при Владата да задолжи лице од Министерство за труд и социјална политика кое директно ќе се вклучи во работата на Општинскиот кризен штаб.

    Куманово од петокот е во продолжен полициски час, кој ќе трае до утре до пет часот. Досега се регистрирани 14 прекршувања на ограничувањето на движење во Куманово. Во градот работат дежурни продавници и аптеки, а храна може да се нарача и телефонски.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира