ДЕБАРМААЛЦИ СЕ ИЗБОРИЈА ЗА НОСИТЕЛ НА СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА НА СДСМ ЗА ЦЕНТАР

ДЕБАРМААЛЦИ СЕ ИЗБОРИЈА ЗА НОСИТЕЛ НА СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА НА СДСМ ЗА ЦЕНТАРПлатформата која од граѓанската иницијатива ја испратија до сите кандидати за градоначалници, ја прифатиле единствено од СДСМ, кои се обврзале дека ќе биде дел од нивната програма за локалните избори-Протестот на граѓаните минатиот месец за ослободување на тротоарите и стопирање на нови градби (Фото:СДК.МК)

Носител на листата за советници во Советот на Општина Центар ќе биде член на граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“. Ова било договорено вчера на средбата со кандидатот за градоначалник Саша Богдановиќ и претставникот од СДСМ Дамјан Манчевски, кои платформата што  ја испратија од граѓанската иницијатива до сите кандидати за градоначалници, ја прифатиле во целост и се обврзале да биде дел од нивната програма за локалните избори.

„Платформата која води кон поквалитетен живот и која дава план како да се сопре урбанистичкото и еколошкото дивеење, а која што минатата недела ја објавивме како наш услов за поддршка на евентуален кандидат за градоначаник на Центар досега на еден ден пред истекот на рокот за кандидирање ја прифати само СДСМ. Претставниците на СДСМ изразија подготвеност член на граѓанската иницијатива да биде носител на листа за советници за општина Центар како независен кандидат на коалицијата предводена од СДСМ“, велат од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“.

ДЕБАРМААЛСКА ПЛАТФОРМА СО 40 БАРАЊА ОД ИДНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА СКОПЈЕ И НА ЦЕНТАР

Од СДСМ го прифатиле предлогот носител на листата да биде Јана Белчева Андреевска како независен кандидат на коалицијата предводена од СДСМ.

Од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ велат дека  остануваат непартиско здружение отворено за соработка со сите политички субјекти, неформални и формални граѓански здруженија и индивидуалци кои ги споделуваат нивните  вредности искажани во платформата со заедничка цел за „Здравјето пред профитот“.

Во одбрана на Дебар Mаало е граѓанска иницијатива формирана во 2015 од жителите на Центар кои живеат во Дебар маало и околината со единствена заедничка цел – унапредување на квалитетот на животот во малото и градот.

А. АНТЕВСКА

 

 

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира