Дедо Мраз кој традиционално секоја година на 31 декември доаѓа на главниот скопски плоштад Македонија, оваа година пристигна со порака за заштита на природата и чување на животната средина.
Тој пристигна со електромобил.
Со дневната шема завршува четиридневната новогодишна манифестација „Улица на радоста“, организрана од градските власти.
Град Скопје оваа година не организира пречек на Новата година. Парите што беа наменети за прослава ќе бидат донирани на детската болница за белодробни заболувања во Козле. Нема да има ни огномет.
Прослава на отворено ќе има само на сквер Јадран во организација на општина Центар.