ДЕЈВИД БОУВИ, ЕСМА РЕЏЕПОВА, „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ И ГРУПИТЕ „КВИН“, „ЛЕБ И СОЛ“ И „ЛЕВА ПАТИКА“ ЌЕ ДОБИЈАТ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ, ГРАДОТ ЈА ОБЈАВИ ЛИСТАТА СО 571 ИМЕ

    ДЕЈВИД БОУВИ, ЕСМА РЕЏЕПОВА, „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ И ГРУПИТЕ „КВИН“, „ЛЕБ И СОЛ“ И „ЛЕВА ПАТИКА“ ЌЕ ДОБИЈАТ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ, ГРАДОТ ЈА ОБЈАВИ ЛИСТАТА СО 571 ИМЕСе предлага еден плоштад да се вика „Вера надеж и љубов“, а улица да биде крстена и според местото Нивици каде беше потпишан Договорот од Преспа. Фото: СДК.МК)

    Пејачот Дејви Боуви и групата „Квин“ ќе добијат улици во Скопје. Улица ќе биде крстена по групите „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“, по Есма Реџепова, како и по филмот „Медена земја“. Град Скопје денеска ја објави листата од 571 име на личности, градови, места и историски личности според кои ќе се именуваат улиците, плоштадите и парковите во градот.

    Во листата е и новинарот Никола Младенов, пејачката Вања Лазарева, архитектот Живко Поповски, спортистите Благоја Георгиевски-Буштур, Атина Бојаџи, како и заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи. Во листата се и писателите Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески.

    Се предлага еден плоштад да се вика „Вера надеж и љубов“, а улица да биде крстена и според местото Нивици каде беше потпишан Договорот од Преспа.

    „Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња. Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот“, се вели во образложението на Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира