ДЕНЕС ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА, БОЛНИТЕ СЕ ПРИМААТ И НА ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ

    ДЕНЕС ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА, БОЛНИТЕ СЕ ПРИМААТ И НА ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕИма уште три слободни кревети на Инфективното одделение, а за ковид пациенти се оспособува и Одделението за физикална терапија во Велешката болница. (Фото: СДК.МК)

    Инфективното одделение во Велешка Болница е безмалку полно, има хоспитализирано 52 пациенти, а капацитетот е 55 легла, па поради ова дел од пациентите се сместени и на Интерното одделение.

    На Инфективното одделение претпладнево има двајца починати од ковид-19, жена на 87 години која била хоспитализирана пред 25 дена, и маж на 83 години кој бил примен пред пет дена. И двајцата имале други заболувања, жената срцева слабост, а мажот претходно имал мозочен удар. Со ова има вкупно 33 починати од ковид-19 од Велес.

    „Има уште три слободни кревети на Инфективно, каде 44 пациенти се потврдени позитивни, а осуммина се сомнителни. На Интерното одделение имаме еден пациент кој е позитивен и четворица сомнителни со изразени симптоми и чекаат резултати. За надминување на состојбата се работи на оспособување на Физикалното одделение од болницата“, рече д-р Весна Николовска-Неделкова, портпаролка на болницата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира