ДЕСЕТМИНА СО ВЕЛОСИПЕДИ СО ПРИКОЛКИ ЌЕ ГО СОБИРААТ ЕЛЕКТРОНСКИОТ И ЕЛЕКТРИЧНИОТ ОТПАД ОД ТЕТОВО

    ДЕСЕТМИНА СО ВЕЛОСИПЕДИ СО ПРИКОЛКИ ЌЕ ГО СОБИРААТ ЕЛЕКТРОНСКИОТ И ЕЛЕКТРИЧНИОТ ОТПАД ОД ТЕТОВОВо Тетово електричен или електронски отпад сега ќе може да пријави преку еко-линијата 070/661-300, а собирачи ќе го подигнат најдоцна за 24 часа од повикот (Фото: СДК.МК)

    Еколошкото друштво „Еко екшн“ за прв пат во Полошкиот Регион започнува со собирање електричен и електронски отпад. Денес во Тетово на десет мобилни собирачи, лица кои се со загрозен социјален статус, им беа доделени 10 велосипеди со приколки со кои ќе го собираат овој отпад и ќе го носат за рециклирање. Во Тетово електричен или електронски отпад сега ќе може да пријави преку еко-линијата 070/661-300, а собирачи ќе го подигнат најдоцна за 24 часа од повикот, велат од друштвото.

    „Управувањето со отпадот од електична и електронска опрема претставува предизвик дури и за најразвиените земји. По донесувањето на Законот за електрична и електронска опрема и отпад од овие уреди, Северна Македонија исто така ја започна борбата со овој вид отпад кој е еден од најопасните уништувачи на животната средина. Ова беше целта која нѐ поттикна да ја донесеме оваа иновација и во Полошкиот Регион и да создадеме мрежа која ќе го спречи создавањето отпад, ќе го промовира рециклирањето и така ќе го намали количеството на електричен и електронски отпад. За оваа цел на почетокот создадовме екипа од 10 мобилни собирачи на овој вид отпад, им дадовме велосипеди со приколки и соодветна ХТЗ опрема“, изјави Агрон Бафтијари, извршен директор на еколошкото друштво „Еко екшн“.

    Првин, собраниот отпад ќе се скалдира во ЈКП Тетово, а потоа претпријатието „Нула отпад“ кое е партнер на еколошкото друштво, ќе го земе и ќе го носи на рециклирање.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира