ДЕЦА ОД СТРУГА ПРОДАВААТ ИГРАЧКИ ЗА ДА СОБЕРАТ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ИЗГОРЕНИОТ ЕДРИЛИЧАРСКИ КЛУБ

    ДЕЦА ОД СТРУГА ПРОДАВААТ ИГРАЧКИ ЗА ДА СОБЕРАТ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ИЗГОРЕНИОТ ЕДРИЛИЧАРСКИ КЛУБМарко и Сара Милески од денеска продаваат играчки и собираат пари за реновирање на едриличарски клуб „Снегар“ во Струга, кој изгоре во пожар во неделата (Фото: СДК.МК)

    Стружаните Марко и Сара Милески од денеска продаваат играчки и собираат пари за реновирање на едриличарски клуб „Снегар“ во Струга, кој изгоре во пожар во неделата. Иако симболичен, овој ангажман на децата е прва јавна акција за собирање пари за поправка на уништениот клуб,  чиј претседател Лазо Ѓоргоноски вели дека многумина се јавиле да донираат за реновирањето.

    „За кусо време со големо залагање на членовите на клубот, граѓани, на комуналците од Струга кои обезбедија трактори за подигнување на изгорените едрилици и градежен материјал, успеавме да го расчистиме просторот каде што беше клубот. За нас е охрабрувачки што ни се јавуваат голем број граѓани кои бараат да им дадеме жиро-сметка за да донираат средства за реновирање на просториите на клубот”, ни рече Ѓоргоноски, кој е едриличар околу 5 децении.

    Во пожарот изгореа 33 пловни објекти, а беше уништена и 60-годишната документација на едриличарскиот клуб, а штетата се проценува на 300.000 евра.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира