ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ДВА ПАТИ НЕДЕЛНО ЌЕ ИМААТ БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ ПО ПЛИВАЊЕ

    ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ДВА ПАТИ НЕДЕЛНО ЌЕ ИМААТ БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ ПО ПЛИВАЊЕПроектот е наменет за ученици од прво до трето одделение. (Фото: Општина Аеродром)

    Учениците со попреченост од Општина Аеродром ќе посетуваат бесплатни часови по пливање. Проектот е наменет за ученици од прво до трето одделение, за кои во спа-центарот во кулите Џевахир се обезбедени два термина од по еден час со посебен инструктор за секое дете.

    Приорит на проектот е подобрување на здравјето и психофизичката состојба на децата од прво до трето одделение преку физичка активност и спорт, како и нивна инклузија односно социјализација и вклучување во општеството.

    „За првпат, една општина направи таков позитивен исчекор да дел од главните финансии ги намени за најранливите категории во својата општина. Наш приоритет е да им ја одржуваме психофизичката состојба и нивната социјализација. И на крај нè интересира спортувањето, да им ја наметнеме пливачката техника со можност некој да испадне талент“, рече професорот Иван Анастасовски, носителот на овој проект.

    Родителите кои присуствуваа на првиот час по пливање ни рекоа дека овие активности се од огромно значење за нивните деца, бидејќи тие лесно се фиксираат за мобилните уреди и со тоа ја губат физичката активност.

    За проектот „Интегрирано пливање за децата со попреченост од основните училишта од Аеродром“ со ребалансот на буџетот за 2020 беа пренамени 260.000 денари (околу 4.0000 евра) за оваа намена.

    К. СЕЛАМОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира