ДЕЦАТА ЗАМИНАА ОТИ ЌУТЕВМЕ 30 ГОДИНИ, РЕКОА HA ПРОТЕСТОТ ВО ВЕЛЕС ЗА ЖРТВИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА

    ДЕЦАТА ЗАМИНАА ОТИ ЌУТЕВМЕ 30 ГОДИНИ, РЕКОА HA ПРОТЕСТОТ ВО ВЕЛЕС ЗА ЖРТВИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКАВелешани побараа одговорност, брза и ефикасна истрага за несреќата. (Фото: СДК.МК)

    Со мирен протест за почит на 59-те загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, велешани побараа одговорност, брза и ефикасна истрага. На плоштадот Сармаале, присутни од сите возрасти палеа свеќи за починатите кои се главно на возраст од 14-25 години.

    „Сите жалиме за децата што заминаа, поради сите нас. Триесет години молчиме, ама уште кратко. Децата заминаа поради нас возрасните оти ќутевме сиве години, го уништивме системот, општеството“, рече велешанка.

    „Страшната вест, која не разбуди неделата наутро, не нè остава рамнодушни. Зар требаше да се случи ова за да се почне да се решаваат работите, зар толку млади деца да заминат па да проговориме? Зар тебаше волку жртви да се разбудиме?, кажа една жена.

    Протестот немаше организатор, велешани беа повикани преку социјалните медиуми. За утре во 12 часот е најавен нов протест во Младинскиот парк.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира