ДЕВЕТМИНА БИТОЛЧАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 НЕ СПАЃААТ ВО НИЕДЕН КЛАСТЕР И НЕ ДАВААТ ПОДАТОК ЗА ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ СЛУЧАИ

    ДЕВЕТМИНА БИТОЛЧАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 НЕ СПАЃААТ ВО НИЕДЕН КЛАСТЕР И НЕ ДАВААТ ПОДАТОК ЗА ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ СЛУЧАИНа 22 јуни со работа започна лабораторијата за молекуларна дијагностика во Центарот за јавно здравје во Битола која ќе врши тестирања за КОВИД-19. Ова е единствена лабораторија за вакви тестирања надвор од Скопје. (Фото:СДК.МК)

    Во Битола има четири активни кластери со КОВИД-19, кај кои болеста е пренесена во семејствата. Од 16 лица кај кои болеста е во тек, девет не спаѓаат во ниеден кластер и тие не даваат податок за поврзаност со потврден случај, соопштија од Министерството за здравство.

    Битола од почетокот на заразата до сега нема голем пораст на заболени. Вкупната бројка до вчера беше 49, од кои активни 16. По број на случаи кај кои болеста е во тек Битола е на 14. место од градовите во земјава, пред неа се скоро сите поголеми градови, а и помали како Кочани, Свети Николе, Ресен, Гостивар, Дебар и други.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира