ДЕВОЈКАТА ШТО ГО ФРЛИ БЕБЕТО ВО РЕКА ЌЕ ОДГОВАРА КРИВИЧНО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕВОЈКАТА ШТО ГО ФРЛИ БЕБЕТО ВО РЕКА ЌЕ ОДГОВАРА КРИВИЧНО

    За убиство на дете при породување ќе одговара девојката од Матејче што го роди детето во веце шоља па го фрли во река.
    Девојката од липковското село Матејче, која го роди своето бебе во тоалет, па го фрли во река ќе одговара за убиство на дете при породување. Кумановската полиција поднесе кривична пријава А.М. (19) поради постоење основи на сомнение дека девојката пред 1,5 месец откако добила породилни болки, се затворила во купатилото каде родила живо женско дете кое потоа го ставила во корпа за отпадоци и го фрлила зад семејната куќа. Извршен е увид на местото на лице место и било пронајдено мртвото новороденче.
    Чедоморството се случило на 18 август годинава, кога А.М. која била во подмината бременот почнала обилно да крвари и се породила во веце шоља. Потоа го фрлила бебето без никој да ја види. Во меѓувреме и се влошила здравствената состојба, па родителите ја однеле на лекар во Кумановската болница. При преглед гинекологот утврдил дека дека девојката се породила во последните 24 часа. Случајот е пријавен во полицијата, по што е пронајдено новороденчето. Се истражува дали некој и помагал при породувањето и фрлањето на бебето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира