ДИРЕКТОРКАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ОД БИТОЛА МАЈА АНДОНОВСКА- ИЛИЈЕВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ДИРЕКТОРКАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ОД БИТОЛА МАЈА АНДОНОВСКА- ИЛИЈЕВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКААндоновска-Илијевски беше на оваа функција шест и пол години и реализираше 4.196 културни настани. (Фото: СДК.МК)

    Директорката на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска-Илијевски си даде оставка. Таа беше на оваа функција шест и пол години и реализираше 4.196 културни настани на кои дојдоа 739.342 посетители, стои во нејзиното соопштение за оставката испратено до медиумите.

    Таа напиша дека е време како актерка да се врати на театарската сцената, таму каде што започнала и ќе заврши нејзината уметничка приказна.

    За в. д директор на културната установа е назначен Владо Илиевски.

    „Со професионален пристап и искрена страст, успеавме да ги редефинираме границите на можностите и да покажеме дека културата во Македонија може да се носи со сите светски текови и правила, жива е, моќна е и неизмерно вредна. Низ нашите сали поминаа илјадници посетители, реализиравме бројни настани, ја зајакнавме позицијата на интернационалните фестивали со долга традиција, но и инициравме два нови , интернационални филмски фестивали. Со гордост можам да кажам дека 3Д киното во Центарот за култура стана најпосетеното во државата“, соопшти Андоновска-Илијевски.

    За време на нејзиното директорување, Центарот за култура и директорката добија повеќе награди.

    „Изминативе години успеавме да го осовремениме Центарот со комплетно нов светлосен и звучен парк, модерна билетарница, портирница, реновирани работни простории, дојавувачи за пожар кои беа расипани над 10 години, 400 нови долби очила за потребите на 3Д киното во Битола“, додава Андоновска- Илијевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира