ДИРЕКТОРОТ НА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ВТОР ДЕН НЕ ОДГОВОРА ОД ШТО УГИНА ФЛОПИ, ВТОРА УГИНАТА ЖИРАФА ЗА 6 МЕСЕЦИ ВО НЕГОВИОТ МАНДАТ

    ДИРЕКТОРОТ НА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ВТОР ДЕН НЕ ОДГОВОРА ОД ШТО УГИНА ФЛОПИ, ВТОРА УГИНАТА ЖИРАФА ЗА 6 МЕСЕЦИ ВО НЕГОВИОТ МАНДАТВо мај годинава угина Каспер, а резултатите од обдукцијата која ја правеше Агенцијата за храна и ветеринарство покажаа дека причина за угинувањето е салмонела. (Фото: Град Скопје)

    Директорот на Зоолошката градина Зоран Попов втор ден не одговара на телефонските повици и пораки, за да објасни кои се причините за угинувањето на жирафата Флопи. САКАМДАКАЖАМ.МК вчера и денеска во неколку наврати го бараше Попов, но тој не одговараше на повиците ниту на вибер пораките.

    Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска и поставувањето на нејзините директори, меѓу кои е и Попов, во градината повеќе никој не смее да дава изјави, ниту лицата за односи со јавност ни вработените. На новинарски прашања не одговара ниту директорот. Сега Зоолошка како и Град Скопје и сите неговите институции и претпријатија е целосно затворена и нетранспарентна институција и новости и проекти се соопштуваат само преку објави на Фејсбук.

    Денеска на фејсбук страната на Зоолошка беше објавено дека угинал Флопи и се испитуваат причините по што ќе има известување.

    Флопи угина вчера попладне и е второ угинување на жирафа во мандат на директорот Попов во период од 6 месеци. Во мај годинав угина Каспер, а резултатите од обдукцијата која ја правеше Агенцијата за храна и ветеринарство покажаа дека причина за угинувањето е салмонела.

    Во мандат на Попов скопската зоолошка ја изгуби и кандидатурата за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА).

    Скопската Зоолошка градина сега нема ниту една жирафа. Трите жирафи Тобого, Каспер и Флопи беа жители на зоолошката од 2015 година и беа омилени на посетителите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира