Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола поднесе кривична пријава против З. И. (45) од село Горно Крушје, Ресенско, поради основано сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
Според СВР, на 28 јуни околу 16:40 часот пријавениот креирал лажен профил на Фејсбук и од него на официјалната Фејсбук страница на туристичка агенција од Битола, која е овластен превозник на вработени во фирма од Битола, испратил порака со заканувачка содржина дека на комбињата и автобусите има поставено бомби. Се заканил дека бомбите ќе се активираат кога возилата ќе пристигнат пред фабриката заедно со вработените во агенцијата.
Од лажни профили, пријавениот повеќе пати им испраќал пораки со заканувачка содржина и на одговорни лица во фирмата каде што претходно работел, во знак на револт за добиениот отказ.
Ж. ЗДРАВКОВСКА