ДОДЕКА СЕДИМЕ ВО СУД ШИЛЕГОВ ПАРЧЕ ЈА ПРАВИ ГАЛИЈАТА, РЕЧЕ ИНВЕСТИТОРОТ, А ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ПОТСЕТИ ДЕКА НЕМААТ ВЕЌЕ ДОГОВОР ЗАШТО НЕ ПЛАЌАЛЕ ЗАКУП

    ДОДЕКА СЕДИМЕ ВО СУД ШИЛЕГОВ ПАРЧЕ ЈА ПРАВИ ГАЛИЈАТА, РЕЧЕ ИНВЕСТИТОРОТ, А ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ПОТСЕТИ ДЕКА НЕМААТ ВЕЌЕ ДОГОВОР ЗАШТО НЕ ПЛАЌАЛЕ ЗАКУПОтстранувањето на галијата од Вардар почна во април. (Фото: СДК.МК)

    Додека седиме овде, не да се отстранува, се демолира и руши галијата во Вардар, сопственост на „ЕМУС сервис АД Скопје“, рече застапникот на инвеститорот денес во Основниот граѓански суд Скопје, кој од судот повторно бара времена мерка од судот, да престане отстранувањето на урбаната опрема на галијата што е во тек. Станува збор за галијата кај хотелот „Холидеј Ин“.

    Тужениот Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, кажа дека и како поранешен адвокат, почист случај немал видено досега.

    „Договорот за закуп со ЕМУС сервис е раскинат, бидејќи не платил последователни 4 уплати за закуп и дека токму тоа е најбитниот услов за да се раскине еден договор за закуп. Истовремено, кај извршител од Скопје отворени се две постапки за извршување против тужителот, како должник. Оттаму, сето што го кажа тужителот претходно, не е во корелација со оправданоста на тврдењето дека му е направена штета, зашто договорот за закуп е оправдано и законски раскинат”, рече Шилегов.

    Отстранувањето во моментов не е на објектот, туку на урбаната опрема, додаде тој.

    Шилегов додаде дека Градот Скопје може и еднострано, со една изјава, да го раскине договорот за закуп ако тој го загрозил јавниот простор. Каде би не одвеле ваквите судски процеси кога Град Скопје ги отстранува поради овие причини летните тераси.

    „Ако фатат да тужат, тешко нас во таков случај! Без да навлезам во основаноста на тужбеното барање, повторувам, Градот Скопје го има тоа неприкосновено право”, рече тој.

    Инвеститорот Жарко Миленкоски потоа изјави дека со ова уривање на галијата ниту еден инвеститор нема повеќе да инвестира во Македонија. Смета дека правдата е на нивна страна, бидејќи фирмата во пандемијата неколку пати се обратила до Градот што да прави во врска со плаќањето на закупот кога кафеаните не работат. Дали да плаќаат закупнина или не. Но, Градот кој е обврзан со договорот да му обезбеди непречено работење на закупецот, молчел. Потоа го раскинал договорот поради неплаќање, иако отпосле закупот е платен. Им ги вратил парите назад.

    „Со ништо Градот не го спречи работењето на објектот”, потенцираше Шилегов.

    „Оваа инвестиција од 1,2 милиона евра ќе мора да ја плати некој”, уверен е Миленкоски.

    Посебен спор се води за раскинувањето на договорот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира