ДОЦНИ КОРНЕЊЕТО НА ПАЛМИТЕ ОД ОХРИДСКИОТ КЕЈ ОТИ ВИКЕНДОВ ГОСТИТЕ ОСТАВИЈА МНОГУ ЃУБРЕ

    ДОЦНИ КОРНЕЊЕТО НА ПАЛМИТЕ ОД ОХРИДСКИОТ КЕЈ ОТИ ВИКЕНДОВ ГОСТИТЕ ОСТАВИЈА МНОГУ ЃУБРЕПродолжениот викенд ја пролонгира акцијата за отстранување на палмите, бидејќи екипи на „Охридски комуналец“ се ангажирани и во подигнувањето на отпадот низ целиот град. - Ѓубре оставено на плажа во Лагадин (Фото: СДК.МК)

    По продолжениот викенд во Охрид, гостите оставија многу ѓубре во контејнерите поради што комуналците беа ангажирани на негово собирање, а беа намалени активностите за отстранување на палмите. Овие неавтохотни дрва се корнат по препораката на Комитетот на УНЕСКО, но и по наредба на охридскиот градоначалник. Една од причините за големата количина ѓубре по контејнерите е што гостите во викенд куќите не го почитуваат распоредот кога се вадат кантите пред двор.

    „Продолжениот викенд ја пролонгира акцијата за отстранување на палмите. Наша обврска не се само тие, туку наши екипи се ангажирани и во подигнувањето на отпадот низ целиот град. Акцијата тече, од стотина палми, останаа уште шеесетина и тие наредниве денови ќе бидат тргнати од кејот“, вели директорот на „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски.

    Во 2016 година, владата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид одлучи да се засадат 250 палми. Многу од нив измрзнаа во текот на зимските месеци, а други се исушија од разни причини.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира