Град Скопје доцни со прскање против комарци оти испитувале дали средството кое се користи е штетно, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.
Прскањето против комарци Град Скопје го почнува кон почетокот на јуни, но годинава тоа ќе се одвива кон крајот на месецов оти уште не е завршен тендерот.
„Јавната набавка за прскањето против комарците е почната на 19 февруари, и во овој момент е во завршна фаза, се очекува да помине рокот за жалби и да се склучи договор со субјектите кои треба да го извршат во согласност со програмата, усвоена од Советот на Град Скопје. Поради сомнение дека препаратите со кои се прска се штетни по здравјето на граѓаните, побаравме мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето. Во моментов во тек се административните постапки по што ќе се почне со аеросолното и терестичното прскање“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.
А. АНТЕВСКА