ДРВОКРАДЦИ ВО ПРИЛЕПСКО НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЕЦ И ГО ОШТЕТИЛЕ ПОЛИЦИСКОТО ВОЗИЛО

    ДРВОКРАДЦИ ВО ПРИЛЕПСКО НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЕЦ И ГО ОШТЕТИЛЕ ПОЛИЦИСКОТО ВОЗИЛОДрвокрадците биле затекнати вчера од полициски службеници кои ги уапсиле Ѓ.И.(32) и И.Ќ.(31), двајцата од Прилеп (Фото: СДК.МК)

    Дрвокрадци затекнати како транспортираат недозволено исчени дрва во местото Поводеници во Прилепско, физички нападнале еден од полицајците и го оштетиле полициското службено возило, соопштија од СВР Битола.

    Дрвокрадците биле затекнати вчера од полициски службеници кои ги уапсиле Ѓ.И.(32) и И.Ќ.(31), двајцата од Прилеп. Полицијата ги фатила додека со две возила превезувале натоварени дабови дрва за кои не поседувале документација. Дрвата им биле одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Пред два дена во Демирхисарско,  во периодот од 18 до 22 часот, полициски службеници во координација со шумочуварска служба од ЈП „Национални Шуми “- подружница „Бигла“ во атарот на село Журче затекнале патничко возило „лада” со кавадаречки регистарски ознаки  натоварено со нежигосано дабово огревно дрво. Дрвата биле предадени на подружница „Бигла“ – Демир Хисар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира