ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ НЕМААТ АСИСТЕНТИ И СТУДЕНТИТЕ ГУБАТ ВЕЖБИ, ВЕЛИ ПРОРЕКТОРОТ ЗА НАСТАВА ЃУРОВСКИ

    ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ НЕМААТ АСИСТЕНТИ И СТУДЕНТИТЕ ГУБАТ ВЕЖБИ, ВЕЛИ ПРОРЕКТОРОТ ЗА НАСТАВА ЃУРОВСКИПроекторот за настава Ѓуровски на студентите на Техничко -технолошкиот факултет во Велес им кажа дека од овој месец сите редовни студенти на Универзитетот „ Св. Климент Охридски“ се ослободени од такса за упис на семестар. (Фото: СДК.МК)

    Факултетите при државните универзитети имаат проблеми да обезбедат асистенти. Поради овој проблем се одложуваат и одржувањата на вежбите, рече проректорот за студентски работи на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Марјан Ѓуровски при посетата на Техничко -технолошкиот факултет во Велес.

    „Суштински проблем на високото образование е немањето на подмладок, потребни се асистенти. Бројот е минимален или скоро да нема асистенти или докторанти на факултетите. Веднаш по изборите ќе треба вработување на млад кадар. Ваква е состојбата скоро на сите државни универзитети и одржувањето на вежбите е доведено во прашање, бидејќи наставниот кадар е ограничен. Или е нивниот број ограничен или ги нема“, рече Ѓуровски.

    Ѓуроовски ги информираше студентите дека од овој месец сите редовни студенти на Универзитетот „ Св. Климент Охридски“  се ослободени од такса за упис на семестар.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира