Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се вклучени во гасењето на пожар кој што избил во 15.40 часот во близина на Радуша. Пожарот го зафатил потегот Рашче-Радуша.
„Се работи за шумски пожар, гори борова шума. Во гасењето се вклучени два авиони од ДЗС и Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Пожарот е сѐ уште активен“, вели Тихомир Каранфиловски од одделението за односи со јавност во Центарот за управување со кризи (ЦУК) .
Од ЦУК сѐ уште немаат точна информација колкава површина од боровата шума е опожарена оти пожарот сѐ уште е активен.
Ова е во втор пожар последнава недела во чие што гасење се вклучуваат авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Во средата со авиони се гасеше и пожарот над скопското село Кучково, каде што, исто така, гореше борова шума.