Два пожари избувнаа вечерва во Скопје. Од Пожарната велат дека во двата случаи станува збор за подметнати пожари.
Едниот е во Сопиште и тој, како што велат од Бригадата за противпожарна заштита, е ставен под контрола.
Вториот пожар во помеѓу општините Гази Баба, Илинден и Арачиново.
„Станува збор за поголема површина, гори трска и сува трева. Нема никаква опасност од проширување. Екипите се на терен“, вели командирот на Пожарната бригада Владимир Симоновски.
А. АНТЕВСКА