ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ЗА ДВА ДЕНА ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

    ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ЗА ДВА ДЕНА ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦАВкупниот хоспитализирани во Велешката болница се 77 болни, од кои 63 потврдени позитивни, 11 сомнителни и 3 негативни но со симптоми, 23 пациенти се на кислородна поддршка. (Фото: СДК.МК)

    Од Велешката болница попладнево соопштија дека двајца пациенти од Свети Николе, кои биле хоспитализирани на Инфективното одделение, починале од ковид-10. Денеска на Инфективното одделение починал маж од Свети Николе на 69 години примен пред две дена во тешка состојба, потврден позитивен.

    Вчера починал друг пациент од Свети Николе на 62-годишна возраст, кој бил примен на 9 ноември со ниска сатурација на кислород, прв тест на ковид-19 негативен, вториот тест позитивен.

    Вкупниот хоспитализирани во Велешката болница се 77 болни, од кои 63 потврдени позитивни, 11 сомнителни и 3 негативни но со симптоми, 23 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективното се сместени 50, на Интерното 13 и на Одделението за Физикална медицина 14.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира