ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПОЧИНАЛЕ ВО РАСИПАНАТА КОЛА НА БРЗА ПОМОШ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:58:"КриваПаланка,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПОЧИНАЛЕ ВО РАСИПАНАТА КОЛА НА БРЗА ПОМОШ

    Двајца пациенти од Крива Паланка починале во возило на Брза помош, додека како итни случаи се превезувале на лекување на скопските клиники. Откако синоќа првично изјави дека еден од пациентите починал во Кумановската болница, директорот Јоско Стефановски денес потврди дека сепак двајцата пациенти починале во возилото, повозрасниот на излезот од Куманово, а вториот на наплатната рампа кај Бунарџик на влезот во Скопје откако им се расипало санитарното возило.

    Станува збор за С.Р. (42) од кривопаленчкото село Узем и Н.Д. (86) од Крива Паланка.

    „Пациентите биле во критична здравствена состојба. Прво се однесени во Кумановската болница каде лекарите препорачале поради сериозноста на болеста да бидат транспортирани за Скопје. Повозрасниот пациент кој има 86 години и сериозно белодробно заболување починал веднаш по напуштањето на болницата, на излезот на Куманово, но екипата го продолжила патот за да го спаси вториот пациент кој имал компликации по трансплантација на бубрег. Попат му се слошило и на него, а кај Рафинерија се расипало возилото. Веднаш била побарана помош од Итната помош на Скопје и Куманово. Возачот продолжил да се движи кон наплатната рампа и за 10 минути стигнала Брза помош од Скопје, но пациентот во меѓувреме починал“, – објаснува Стефановски.

    Тој вели дека лекарската екипа, составена од лекар и медицинска сестра најпрофесионално си ја извршила работата, и тврди дека и да не се расипело возилот пациентот бил во таква состојба донесен кај нив, што не би издржал да стигне на скопските клиники.

    На прашањето зошто со едно возило биле транспортирани двајца тешко болни пациенти, директорот објснува дека тие во исто време побарале помош и за да добијат на време, лекарите одлучиле дека има услови двајцата пациенти да бидат транспортирани со едно возило. Едниот бил легнат, а другиот во полуседечка положба.

    Стефановски не знаеше колку точно е старо возилото со кое се превезувале пациентите, но тврди дека сите возила редовно се одржуваат и на 6 месеци им се врши технички преглед.

    Брзата помош во Крива Паланка има 6 санитетски возила, плус теренски и лесни возила за опслужување на пациентите.

    И од Кумановската болница велат дека пациентите кај нив на интерното одделение биле само прегледани и препратени за Скопје со екипа и возило од Брзата помош на Крива Паланка.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари