ДВАЈЦА БРАЌА УКРАЛЕ ДВЕ ПАЈКИ ОД ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО, ДОБИЈА УСЛОВНИ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА НЕЗАКОНИТ ЛОВ

    ДВАЈЦА БРАЌА УКРАЛЕ ДВЕ ПАЈКИ ОД ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО, ДОБИЈА УСЛОВНИ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА НЕЗАКОНИТ ЛОВСпоред Законот за ловство, во периодот кога било сторено делото било време на ловостој (Фото: СДК.МК)

    Двајца браќа од Скопје се осудени на условни казни затвор, откако од езерото Младост кај Велес украле две пајки.

    Седат и Лиридон С. го сториле делото на 4 мај минатата година, и тоа пред гостите на блиските угостителски тераси. Според обвинението, браќата дошле со автомобил и од водите на езерото Младост, кадешто со дивечот стопанисува ловното друштво „Руен“ од Велес, украле две пајки-глуварки. Тие ги земале со раце од водата, ги ставиле во багажникот од автомобилот и си заминале. Со ова според судот сториле дело незаконит лов.

    Во Основен суд Велес им е изречена условна казна затвор од три месеци, која ќе се активира ако во следните 12 месеци сторат ново кривично дело. Тие се осудени оти според Законот за ловство, во периодот кога го сториле делото е време на ловостој, кој трае од 1 март до 31 јули.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира