На Клиниката за ортопедија во Скопје изминатиов период извршени се две трансплантаци на коски од починати дарители. Имплантирана е коска од починат дарител на два прста кај 13- годишно дете со брахидактилија, а изминатото деноноќие извршена е трансплантација на 19-годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа.
„13-годишното дете имаше вродена мана, скратени прсти на стапалата. Заедно со колегата д-р Илир Шабани кој е раководител на Клиниката за ортопедија и со останатите колешки и колеги, ја реализиравме оваа прва од ваков вид трансплантација на коска од починат дарител“, ни рече д-р Даница Дончовска-Поповска која на Клиниката за ортопедија е повеќе од шест години и неодамна имала уште две вакви трансплантации на коска на надлактица и на стопало.
Министерството за здравство соопшти за трансплантацијата кај 19-годишниот пациент, додавајќи дека националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска се заблагодарува на целиот тим кои учествувале: на д-р Лилјана Ангелевска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарките Сузана Пејчиновска, Арјета Мемети, анестичарката Менка Дојчиновска, радиолошкиот технолог Крешник Шеху и гипсерката Ирена Галевска.
Т. ЈОВАНОВСКИ