Двајца се убиени, а едно лице е тешко повредено откако во нив денеска напладне било пукано од огнено оружје во кумановското село Габреш. Во пукањето се убиени мајка и син, а тешко е повреден другиот син, а пукал брат на мајката. Од Кумановската болница велат дека повредениот со три прострелни рани е пренесен на Скопските клиники.
„Во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д. Ѓ. (66) затоа што во село Габреш, Кумановско, поради нерасчистени имотно-правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д. Р. (63), и нејзините синови Ж. Р. (36) и Т. Р. (38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д. Р. и Т. Р., додека Ж. Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово. Увидот е во тек“, соопшти СВР Куманово.
С. НИКОЛИЌ