ДВОМЕСЕЧНО БЕБЕ ОД БИТОЛА ПОЗИТИВНО НА КОРОНАВИРУС, СЕ ЗАРАЗИЛО ОД БАБАТА

    ДВОМЕСЕЧНО БЕБЕ ОД БИТОЛА ПОЗИТИВНО НА КОРОНАВИРУС, СЕ ЗАРАЗИЛО ОД БАБАТАПо иницијатива на Општина Битола јавните претпријатија завчера извршија масовна акција за чистење и дезинфицирање на градот. (Фото: СДК.МК)

    Битола го доби најмалиот заразен жител со ковид-19. Тоа е двомесечно бебе кое според податоците од Министерството за здравство се заразило од близок член во семејството, поточно од неговата баба која живее во друг град. Од потесното семејство на бебето, мајката е исто така позитивна на ковид-19.

    Во моментов бебето е со лесна клиничка слика и под надзор на матичниот педијатар. Ова бебе е еден месец помало од тримесечното кое со коронавирус се зарази на крајот на август и успеа да ја победи болеста. Од ковид-19 според здравствената евиденција се имаат разболено и неколкумина деца, но вирусот го поминале без поголеми проблеми. Кај тригодишно дете болеста е уште во тек.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира