ЕКОЛОШКА ХАВАРИЈА ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ВЕЛЕС, ИСТЕКЛА НАФТА

    ЕКОЛОШКА ХАВАРИЈА ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ВЕЛЕС, ИСТЕКЛА НАФТАПоради пукната цевка, нафтата во средното училиште „Коле Неделковски“ истекувала два дена. (Фото: СДК.МК)

    Големо количество нафта истекло од резервоарот на системот за греење на средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес.

    Инцидентот, според директорот Боро Ристевски, се случил во петокот во попладневните часови, а истекувањето траело до неделата напладне. Не е познато колкаво е количеството на истечената нафта. Инцидентот го обелодени градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

    „Во средното училиште ‘Коле Неделковски‘ имаше сериозен проблем, што, истовремено, е и еколошки. Пукнала цевка од излез од резервоар, при што истекла нафта во почвата и преку подземните води може да се загади околината на училиштето и на станбениот комплекс УЗУС. Нешто спасивме од нафтата, но голем дел истече“, истакна Коцевски.

    За да се спаси дел од горивото, тој побарал помош од дистрибутерот, фирма од Пласница, која преточила дел од нафтата од резервоарот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира