„ЕКО-СВЕСТ“ ПРАТИЈА ПИСМО ДО ЕУ ЗА ДА НЕ СЕ ГРАДИ ГАСОВОДОТ НА ВОДНО

    „ЕКО-СВЕСТ“ ПРАТИЈА ПИСМО ДО ЕУ ЗА ДА НЕ СЕ ГРАДИ ГАСОВОДОТ НА ВОДНОВо писмото се вели дека на Водно му се заканува уништување од изградбата на гасовод кој треба да минува низ значајни подрачја на природа богати и биодоверзитет.(Фото: фејсбук)

    Невладината организација „Еко-свест“ испрати писмо до канцеларија на Европската унија во Скопје, во кое ги информираат за состојбата со парк шумата Водно заради изградбата на гасоводот.

    Во писмото се вели дека на Водно му се заканува уништување од изградбата на гасовод кој треба да минува низ значајни подрачја на природа богати и биодоверзитет.

    „Во последните неколку месеци еколошките организации и иницијативи водат битка со институциите за да го зачуваат единственото поголемо парче зеленило кое му остана на градот Скопје. Трасата низ парк шумата Водно минува низ значајни растителни подрачја со ретки и загрозени билки, а нејасно е какво ќе биде влијанието на изградбата на трасата и градежните активности врз Матка, Пештерата Убавица и Буково кое е исто значително растително подрачје“, се вели во писмото до канцеларија на ЕУ во Скопје.

    Од „Еко-свест“ ја информираа канцеларија на ЕУ дека бараат Владата да се откаже од трасата за изградба на гасововодот и тој да се гради од другата страна на планината.

    Трасата на гасоводот е предвидени да минува од јужната страна во парк-шумата, поточно од Сопиште кон врвот на Водно, паралелно со пешачката патека кон бункерите минува низ шума, до Бел Камен, од каде што се спушта кон селото Шишево.

    Граѓанските иницијативи најавија дека со жив штит ќе го бранат Водно од изградбата на гасоводот бидејќи Владата не отстапува од планот градежните работи за гасоводот да се одвиваат по јужната страна на планината. За нив е неприфатлива и новата изменета траса со која, како што велат од Владата, се намaлува зеленилото кое ќе се уништи.

    Од Владата пак тогаш изјавија дека гасоводоТ ќе се гради на јужната страна, но со изменета траса со што ќе се намали уништеното зеленило.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира