ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ОБВИНЕТ ДЕКА ДЕЛ ОД ПАРИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ГИ ПОТРОШИЛ ЗА ДРУГИ НАМЕНИ, ПО ШТО ИЗВЕДУВАЧОТ ПРИСИЛНО НАПЛАТИЛ ТРОШОЦИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ

    ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ОБВИНЕТ ДЕКА ДЕЛ ОД ПАРИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ГИ ПОТРОШИЛ ЗА ДРУГИ НАМЕНИ, ПО ШТО ИЗВЕДУВАЧОТ ПРИСИЛНО НАПЛАТИЛ ТРОШОЦИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕЕксградоначанилникот од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието, добил средства во висина од 14,5 милиони денари за изградба на патот село Мокрени - место викано Теовски уши, а ДДВ било на товар на локалната власт. (Фото: СДК.МК)

    Против поранешниот градоначалник на Општина Чашка Горанчо Пановски, ОЈО Велес поднесе обвинителен акт против за „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Обвинителството го товари обвинетиот Пановски дека во својство на службено лице – градоначалник на Општина Чашка искористувајќи ја службена положба и овластување, предизвикал значителна имотна штета на Општината во висина од 1.357.826 денари.

    Тој од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието, добил средства во висина од 14,5 милиони денари за изградба на патот село Мокрени – место викано Теовски уши, а ДДВ било на товар на локалната власт. На тендер општината ја избрала фирмата ГД „Изгрев инженеринг“ од Велес за изведувач, на која како аванс и платила 2,9 милиони денари.

    По завршената работа, тогашниот градоначалник бил должен да го плати остатокот од долгот. Обвинетиот од доделените наменски средства за реконструкција на патот уплатил 5.777.855 на изведувачот, а останатите средства во висина од 5.315.369 денари ги искористил за подмирување на други тековни обврски на општината.

    Поради ненаплатениот износ за извршените работи во висина од 8.418.288 денари со вклучен ДДВ, изведувачот повел постапка за присилна наплата на побарувањето. Во текот на извршната постапка, покрај основниот долг, биле наплатени и трошоци за извршување, за адвокатски услуги и за камата за задоцнето плаќање и од сметката на општината биле повлечени средства во износ од вкупно 1.357.826 денари, за кои општината е оштетена.

    Против ексградоначалникот Пановски во Основен суд Велес во тек е повторениот судски процес, за „Злоупотреба на службена положба“ за легализацијата на планинарскиот дом „Чеплес“ за кој претходно тој беше неправосилно осуден на три години затвор, а Апелација го врати на повторно судење.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира