ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО НЕ ГО ВРАТИЛ СЛУЖБЕНОТО ВОЗИЛО

    ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО НЕ ГО ВРАТИЛ СЛУЖБЕНОТО ВОЗИЛОЕксградоначалникот се товари за две кривични дела „послужување во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“. - Блаже Велков

    Поранешниот градоначалник на Ново село Блажо Велков заработи кривична пријава оти го користел службеното возило на општината, иако неговиот мандат бил истечен. Според полицијата, тој на 18 октомври си изготвил патен налог и со службениот автомобил следниот ден со сопругата заминале за Скопје. Биле фатени на излезе од Струмица при што возилото му било одземено оти немал ниту надлежност да го вози ниту пак да потпишува патни налози како градоначалник.

    При контролата, Велков се правдал дека сè уште бил градоначалник додека неговата сопруга пак со телефон ги снимила полициските службеници
    „Иако знаел дека му прекинал мандатот како градоначалник на општина Ново Село, истиот ден кога му е врачено уверението на новиот градоначалник, Б.В. одбил да изврши примопредавање на моторното возило, притоа изготвувајќи си налог за патување со службено возило и заедно со неговата сопруга на 19 октомври 2017 заминал во Скопје за свои приватни потреби“, рече на прес-конфренеција Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

    Ексградоначалникот се товари за две кривични дела „послужување во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“. Велков одговори дека ова е политичка хајка против него и дека во моментот кога тргнал на пат за Скопје сè уште ја извршувал градоначалничката функција оти примопредавањето на функцијата било закажано неколку часа подоцна.

    Блажо Велков во предизборието заработи кривична пријава оти дозволил со службено возило на вработени во општината да превезуваат изборен пропаганден материјал.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира