ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ ПОЧНАА ДА РАБОТАТ АНКЕТИ СО НОВОЗАРАЗЕНИ ОД СИТЕ ГРАДОВИ ОД ЗЕМЈАВА, НЕ САМО ОД НИВНИТЕ ГРАДОВИ

    ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ ПОЧНАА ДА РАБОТАТ АНКЕТИ СО НОВОЗАРАЗЕНИ ОД СИТЕ ГРАДОВИ ОД ЗЕМЈАВА, НЕ САМО ОД НИВНИТЕ ГРАДОВИпричината за оваа новина е товарот на епидемиолошките анкети да падне подеднакво кон сите епидемиолози од центрите за јавно здравје. (Фото: СДК.МК)

    Институтот за јавно здравје го промени начинот на работа на општинските центри, во однос на епидемиолошката анкета на лицата позитивни на ковид-19. Таа се применува десетина дена и со новата препорака, центрите за јавно здравје од градовите немаат обврска како досега да ги анкетираат заразените од град на територијата каде што им е седиштето.

    „Центарот за јавно здравје од Велес повеќе не прави анкети на позитивните со ковид-19 од својот град, туку епидемиолозите или лицата кои анкетираат, преку ‘Мој термин’ од Министерство за здравство им се доставува листа на позитивни лица од територијата на цела држава, не од градот каде Центарот работи. Тоа во пракса значи дека нашите епидемиолози работат со лица од Скопје, Тетово, Струмица… Затоа немаме увид колку лица од територијата на велешко дневно се заразени и не ги доставуваме тие податоци до медиумите од градот- изјави д-р Весна Николовска Неделкова в.д. директор на Центарот за јавно здравје Велес.

    Неофицијално, причината за оваа новина е товарот на епидемиолошките анкети да падне подеднакво кон сите епидемиолози од центрите за јавно здравје. Оти имаше центри кои имаа многу новозаразени пациенти и обврска да ги анкетираат за разлика од други каде имало помалку. Затоа со оваа новина, преку „Мој термин“, сите тие добиваат подеднакво број на лица кои треба да се анкетираат.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира